Србиновски: Русија нема да преговара со Зеленски, клучот е кај САД

од Љубиша Владимиров
69 прегледи

Русија нема волја за мирно решавање на конфликтот со Украина, бидејќи не го признава Володимир Зеленски за легитимен претставник на украинскиот народ –изјави Александар Србиновски, национален координатор на иницијативата „ЏИ ТОК“ . Во гостување на магазинот „Трилинг“, тој истакна дека Кремљ нема намера да седне на иста маса со Зеленски, бидејќи смета дека Украина нема самостојна надворешна политика и дека западните сили ја диктираат нејзината позиција.

„Путин нема да преговара со Зеленски. Москва настапува од позиција на сила и не ја гледа Европа како релевантен геополитички фактор. Единствен што Русија го признава како рамноправен преговарач е Доналд Трамп“, вели Србиновски.

Според него, последната рунда мировни преговори што се одвива во Турија не ја носи посакуваната динамика за Украина. Овој пат, водечка улога немаат САД, туку Германија, Франција и Британија, со вклучување на земји од регионот, како Полска.

Србиновски додава дека Украина поставила јасен услов – 30-дневно примирје на терен како предуслов за било какви преговори. Сепак, според него, мировен договор е можен само доколку се вклучи САД, а особено ако тоа го направи Трамп, за кого Москва има доверба.

„Геополитичката реалност се менува. Русија сѐ повеќе ја игнорира Европа и се фокусира на Вашингтон и Пекинг. Ако има некој што може да го запре овој конфликт, тоа се САД“, заклучува Србиновски.

Слични содржини