30
Американската компанија Microsoft призна дека продала напредни услуги за вештачка интелигенција и „cloud computing“ на израелската војска за време на војната во Газа и дека помогнала во напорите за лоцирање и спасување на израелски заложници.
Сепак, компанијата исто така соопшти дека до денес не пронашла докази дека платформата „Azure“ и технологии за вештачка интелигенција се користени за таргетирање или повредување на луѓето во Газа.
Непотпишан блог пост на корпоративната веб-страница на Microsoft е првото јавно признание на компанијата за вмешаност во војната, во која загинаа повеќе од 52.000 Палестинци.