Мерц, Макрон и Стармер сакаат да го усогласат ставот со Трамп пред разговорот со Путин

од Nikola Popovski
32 прегледи

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има намера да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, пред планираната средба на американскиот лидер со рускиот претседател Владимир Путин.

„Се согласивме повторно да разговараме со американскиот претседател како подготовка за тој (телефонски) разговор.“

„Можеме само да се надеваме дека ќе биде постигнат понатамошен напредок“, изјавил Мерц пред новинарите во Рим на маргините на церемонијата на инаугурација на папата Лав XIV, како што наведуваат од прес-службата на германската влада.

Според зборовите на Мерц, тој веќе разговарал со американскиот државен секретар Марк Рубио, меѓу другото, и за утрешниот телефонски повик.

Германскиот канцелар додаде дека има силен впечаток дека и Европејците и Американците се апсолутно решени да работат заедно, а исто така се фокусираат на што е можно поскоро завршување на украинскиот конфликт.

Трамп претходно објави на социјалната мрежа „Truth Social“ дека има намера да разговара телефонски со рускиот лидер во понеделник, 19 мај. Во меѓувреме, Кремљ потврди дека се во тек подготовки за телефонски разговор меѓу двајцата претседатели.

Во петокот во Истанбул се одржаа директни преговори меѓу Русија и Украина, за време на кои беше договорено размена на затвореници, како и двете страни да ги презентираат своите ставови за потребните услови за прекин на огнот.

Слични содржини