На Бајден му е дијагностицирана „агресивна форма“ на рак на простата

од Nikola Popovski
81 прегледи

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана „агресивна форма“ на рак на простата која се проширила на неговите коски, соопшти неговиот кабинет во неделата, а јави Си-Ен-Ен.

„Минатата недела, претседателот Џо Бајден беше прегледан за новооткриен израсток во простатата откако доживеа потешки уринарни симптоми. Во петокот му беше дијагностициран рак на простата со коскени метастази“, се вели во соопштението.

„Иако ова претставува поагресивна форма на болеста, туморот се чини дека е чувствителен на хормони, што овозможува ефикасен третман“.

Бајден и неговото семејство „разговараат за опциите за лекување со неговите лекари, се додава во соопштението.

Станува збор за рак со Глисон резултат 9.

Џозеф „Џо“ Бајден е американски политичар и претседател на САД од 2021 до 2025 година. На претседателските избори во 2020 година го победи дотогашниот претседател и кандидат на Републиканците, Доналд Трамп, кој сега повторно е претседател на САД.

Бајден има четири децениско политичко искуство од Вашингтон.

Слични содржини