Постапките на Арбен Таравари не ги осудува само субјектот ВЛЕН, како негов поранешен коалициски партнер, туку и неговите најблиски луѓе. Секој ден се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети. Оставката на пратеникот Салим Сулејмани е најдобар доказ дека Албанците ниту се купуваат ниту се продаваат за позиции. Ова е највисок морален чин што заслужува секаква почит, велат утрово од ВЛЕН преку партиско соопштение.
Според владеачката коалиција, „ова е затоа што гласачот на Алијансата за Албанците не голта да оди во скутот на Али Ахмети само поради пазарењата на Таравари“.
-Нашиот поранешен коалициски партнер уште еднаш потврди дека нема поим за партиско водство или управување. За помалку од две години, тој толку многу ја оштети овој субјект што не ѝ оштети на ниту една спротивставена страна. Сега, кога оставките се последователни, се чини јасно дека Таравари ќе заврши сам во скутот на Али Ахмети.
Ние, како ВЛЕН, од самиот почеток сме на мислење дека во Алијансата за Албанците има чесни луѓе со морална одговорност кон електоратот, а овие наши изјави денес ги потврди пратеникот Сулејмани, како и голем број други функционери, активисти и гласачи, кои на никаков начин не се поврзаваат со злото, додаваат од ВЛЕН.
Коалицијата им посакува на Таравари и Ахмети успешна коалиција, додека народот веќе се построи на десната страна, на нашата страна, децидни се од неколкуте партии кои се дел од власта.
Премиерот Христијан Мицкоски најавува чистка во редовите на владата и во партијата. Ќе се случат кон крајот на годината по редовниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ каде членството треба да избира нов лидер. Порача дека повеќе место нема да има за оние кои ќе ги разочараат граѓаните. Кон крајот на месецот ќе бидат познати и дел од кандидатите за градоначалници. Мицкоски убеден во победата на партијата која ја предводи.
Разочаран од постапките на доскорешниот партнер Таравари, Мицкоски сепак му посака среќа во партнерството со ДУИ. со ова вели тој покажа дека не бил заинтересиран за идеја, визија и промени туку за нешто друго. Оцени дека партнерството помеѓу Алијанса и интегративците ќе трае сè додека Таравари не добие подобра понуда. Доколку продолжи ваквата практика, Мицкоски прогнозира распад на крилото на Алијанса и претопување во ДУИ.
Оставката на Сулејмани носи пак, плус пратеничко место за владејчката ВЛЕН. Според листата на коалицијата од парламентарните избори, следен на листата е докторката Валбона Адили-Емини, кадар на движењето Беса. Со ова ВЛЕН наместо досегашните 9 пратеника, ќе брои 10 пратеници во новото парламентарно мнозинство по заминувањето на Таравари. Алијанса пак, засега е на 4 народни избраници.