Рељиќ освои 5-то место на Европскиот Президент Куп во Софија

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Македонската таеквондо репрезентативка Милијана Релиќ го освои 5-тото место на Европскиот Президент Куп во Софија, Бугарија. Во нејзината категорија -62 кг, од 36 натпреварувачки, Релиќ беше на чекор до освојување медал на овој престижен Европски Президент Г-3 куп.

Во првото коло, Милијана ја победи хрватицата Лена Динковиќ со 2:0 во рунди, во второто коло нашата Олимпијка беше подобра од турчинката Алејна Семнјурт, исто така, со 2:0 во рунди. Во борбата за медал Милијана многу тесно изгуби од хрватската натпреварувачка Ивана Арелиќ со 2:1 во рунди.

„Во третата решавачка рунда, на помалку од 2 секунди пред крај, при резултат од 6:6 и предност на Милијана поради освоени поени со удар во глава, судиите доделија 3 поени на противничката за кои електронскиот автоматски систем претходно не ги регистрираше затоа што и немаше удар во глава. Бевме многу оштетени во борбата за медал. Сепак, ова беше единствен Г-3 натпревар во Европа и освоивме дополнителни 6.40 поени за светската и олимписката ранг листа”, вели тренерот на Милијана, Александар Ефтимов.

Следен турнир е Солун Г-1следниот викенд.

Слични содржини