Таравари: Патот на промените не поминува низ закани врз Албанците со затвор

од Nikola Popovski
273 прегледи

Арбен Таравари преку објава на социјалните мрежи ја коментираше видео-пораката на членот на Алијанса и вицепремиер, Арбен Фетаи, но и оставката на пратеникот Салим Сулејмани. Таравари, меѓу другото, пишува дека „Патот до достоинството не поминува со напуштање на партијата за министерска позиција“.

„Патот на Арбен Џафери не поминува низ Владата која повикува на 20%. Патот на промените не поминува низ заканување на Албанците со затвор! Патот на промените не поминува низ продажба на позицијата пратеник за да се оди во Саудиска Арабија како амбасадор. Патот на достоинството не поминува низ напуштање на партијата за министерска позиција“, напиша Таравари.

Фетаи вчера нагласи дека партијата не е само политички субјект, туку движење кое брани непоколеблива кауза и идеал. Тој изјави дека стои зад секој член кој бара правда и не прифаќа враќање на ДУИ без соочување со вистината.

-Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Тие мора да се соочат со вистините што ги избегнуваа две децении. Не станува збор за поединецот. Станува збор за нашето колективно достоинство. Мојот глас е ваш глас. Гласот на Алијансата што не се предава, кој не се продава и кој не се плаши. Ние сме гласот на патот, а тој пат никогаш не поминува покрај Али Ахмети, порача меѓу другото довчерашниот поддржувач на Таравари во видео-обраќањето.

Тој ја осуди политиката на понижување и компромиси на сметка на достоинството на Албанците, потенцирајќи дека гласот на членството е јасен и упатен кон правда и чист пат.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека Таравари избрал да се приклучи на блокот на криминал и минатото.

-Едниот е блок од минатото, блокот на криминал, корупција, срам, пљачка, блок кој тесно коалицираше со криминални банди. Повремено спортуваше во своите кабинети, играше фудбалчиња, баскет. Често пати се однесуваше, безобзирно кон граѓаните и знаеше да го збогати својот возен парк или возниот парк на своите најблиски со по некој „мајбах“, автомобил кој вреди неколку стотици илјади евра, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај во месецо…, кажа Мицкоски.

Слични содржини