📷Вандализирани фотографиите од загинатите штипјани во кочанската трагедија

од Nikola Popovski
183 прегледи

Денеска на плоштадот во Штип биле искршени и вандализирани фотографиите на петмината трагично загинати штипјани во кочанската дискотека „Пулс“. Фотографиите се поставени на Градскиот плоштад „Слобода“.

Во пожарот во Кочани загинаа Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов – сите од Штип.

Граѓаните со неверување и огорченост гледаат на ваквиот немил настан.

„Штип денес: Искршени сликите на починатите во пожарот во Кочани што беа поставени на плоштадот. Си патиме од самите себе, самите себе си се секој ден самоуништуваме, никој не ни е крив… Каков човек треба да бидеш за ова да го направиш?“, стои во една од објавите на социјалните мрежи.

Нивните фотографии беа поставени уште истиот ден кога се случи кобната трагедија на 16-ти март.

Бројот на жртви се искачи на 62. По пожарот, во кој загинаа 59 лица, уште двајца млади луѓе кои беа на лекување во Литванија починаа еден месец подоцна од сериозни повреди. Возачот на брзата помош, кој 11 пати ги транспортираше ранетите до Скопјe и работеше без престан повеќе од 18 часа таа кобна ноќ, почина од срцев удар.

Слични содржини