СДСМ најостро го осудува опожарувањето на возилото на поранешниот кандидат за градоначалник на Битола од нашата партија, Христо Кондовски. Од огранокот на најголемата опозициска партија во Битола велат дека овој насилен чин влева страв кај граѓаните за нивната личната безбедност, а на само неколку месеци пред локалните избори, и несигурност за интегритетот на процесот.
-Битола станува небезбедна, а со вакви појави гледаме дека и цела Македонија е претворена во место на страв и пресметки. Власта мора итно да реагира – ова не смее да стане новото нормално. Очекуваме брза и ефикасна истрага, а сторителите да бидат изведени пред правдата, истакнаа од СДСМ Битола.
Од полицијата информираат дека сите возила се во сопственост на приватни фирми.
-Опожарени се патничко возило ‘тојота рав 4‘ со битолски регистарски таблички, сопственост на приватна фирма, а го користела С.К. од Битола, патничко возило ‘фолксваген пасат‘ со тетовски таблички, сопственост на приватна фирма и возило марка ‘дачиа логан‘ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма, соопштија од МВР.
Случајот во СВР Битола бил пријавен 20 минути по полноќ.