Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, беше искрен и призна дека е изненаден од фактот што навивачите на тимот продолжуваат да ги поддржуваат играчите за време на натпреварите од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ имаа катастрофална сезона под водство на Рубен Аморим и ќе ја завршат сезоната само неколку бода над зоната за испаѓање.
Сепак, Јунајтед успеа да стигне до финалето на Лигата на Европа против Тотенхем, а успехот во него ќе обезбеди место во групите од Лигата на шампионите во новата сезона.
„Нашите навивачи беа апсолутно неверојатни оваа сезона. Изненадувачки е за нас играчите колку многу нè поддржуваат. Премногу ги разочаравме. Им дадовме неколку добри моменти во Лигата на Европа и неколку убави спомени по победата на дербито на Етихад, но јас сум изненаден. Извонредно е кога играме пред нив, иако играме далеку под нашето ниво. Затоа мислам дека заслужуваат да ја освојат Лигата на Европа. Имаме одлична можност да го освоиме финалето и да ги направиме среќни. Ќе биде добар ден за нас само ако го освоиме турнирот“, рече Магваер.