Фудбалската заедница во Израел беше длабоко потресена од трагичната вест за смртта на Гади Рафаел Кинда. Фудбалерот, кој имаше само 31 година, почина неодамна, а тажната информација ја потврди неговиот клуб Макаби Хаифа. Соопштението од клубот растажи многу навивачи низ целата земја.
„Нашиот Гади повеќе не е со нас“, стои во официјалното соопштение.
„Фудбалскиот клуб Макаби Хаифа жали за загубата на нашиот играч, Гади Рафаел Кинда. Изразуваме најдлабоко сочувство до целото семејство Кинда и се надеваме дека никогаш повеќе нема да доживеат таква тага. Нему нека му е вечна слава“, се наведува во соопштението.
Оваа трагедија остави голема тага во срцата на сите кои го познаваа и го почитуваа Кинда како играч и како човек.
View this post on Instagram