Нови турбуленции на островот! Премиер лигата покренува истрага против поранешниот шампион

од Љубиша Владимиров
27 прегледи

Фудбалскиот клуб Лестер е под истрага за можно кршење на финансиските правила додека играше во втората по ранг англиска лига – Чемпионшип, во сезоната 2023/24. Ова го соопшти Би-Би-Си, повикувајќи се на информации од Англиската Премиер лига.

Премиер лигата не може да го казни Лестер за финансиски прекршувања во сезоната 2022/23, бидејќи тогаш клубот играше во најсилната лига, но испадна од неа на крајот од таа сезона. Но, сега има право да ја истражува ситуацијата од сезоната кога Лестер беше во Чемпионшип.

Покрај тоа, истрагата ќе ги испита и другите сомнежи – дали Лестер навремено ги доставил своите финансиски извештаи и дали соработувал како што треба со Премиер лигата за време на истрагата.

Од клубот велат дека ќе соработуваат целосно и отворено со комисијата и дека сакаат да го решат овој проблем брзо и фер.

Ова не е првпат Лестер да има финансиски проблеми, а сезонава клубот повторно испадна од Премиер лигата и ќе игра во Чемпионшип по втор пат за три години.

Слични содржини