Динамо Загреб ќе доживее големи промени во играчкиот кадар ова лето. Стефан Ристовски, 33-годишниот поранешен македонски репрезентативец, е меѓу фудбалерите кои нема да го носат дресот на загрепскиот клуб следната сезона.
Ристовски ја одбил понудата за нов, помал и пократок договор. Хрватски „Германијак“ пишува дека веќе се збогувал со Динамо и треба веднаш да го напушти Загреб во понеделник, ден по последниот натпревар од сезоната.
Еден од најискусните играчи на Динамо би можел да ја продолжи кариерата во Емиратите или да се врати во Македонија. Тој е во Динамо од февруари 2021 година, а претходно играше за Риека во Хрватското првенство.
Популарниот Риле има одигранно 184 натпревари за Динамо и постигнато седум гола со 19 асистенции. Неделниот натпревар против Вараждин ќе биде негов 185-ти и проштален настап во синиот дрес.
Ристовски во Македонија настапуваше за Вардар и долг период беше капитен на тимот.