За Македонија започнува нова ера, со историска инвестиција од 6 милијарди евра од Обединетото Кралство, нашата земја влегува во нова траекторија на развој и модернизација. Ова е јасна порака за меѓународна доверба во новата визија што ја претставува Владата, а коалицијата ВЛЕН е посилна од кога било, велат од коалицијата од партии од албанскиот блок која е дел од власта.
Наведуваат дека во рамките на договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, ќе се реализираат големи проекти кои директно влијаат врз животите на нашите граѓани: Нова модерна болница во Кичево, заедно со здравствен центар; Целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, за квалитетни услуги и поголеми капацитети; Финализирање на клиничката болница во Штип и изградба на нов медицински факултет, во согласност со современите стандарди; Модерна и брза железница од Табановце до Гевгелија, која ќе ја поврзе Северна Македонија со регионот и Европа.
-ВЛЕН, како политички чадор што ја претставува волјата и надежта на албанските граѓани и на сите граѓани на земјата, гарантира дека овој инвестициски пакет нема да остане на хартија, туку ќе се прошири праведно и подеднакво на албанските области каде што со децении се потребни повеќе грижа и вистински инвестиции. Ова е нашата визија за праведна, функционална и развиена држава, каде што секој граѓанин, без оглед на потеклото или регионот, ги чувствува придобивките од реформите и меѓународната поддршка.
Од Липково до Струга, ВЛЕН ќе се погрижи оваа историска можност да се претвори во вистински просперитет за сите граѓани, стои во партиското соопштение на ВЛЕН.