Притворот на Беким Максути, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, еден од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочан, е продолжен за уште 30 дена.
Поминаа три месеци откако Максути, со одлука на Кривичниот суд во Кочани, е во притвор.
Во меѓувреме, тројцата поранешни министри за економија, Крешник Бектеши, Валон Сарачини и Беким Незири, се во домашен притвор. Тројцата поранешни градоначалници на Кочани се исто така во домашен притвор, како и повеќе полициски службеници и началници на полицијата на Кочани,
За изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој неодамна порача дека ако неговиот сопартиец и екс-министер Бектеши биде обвинет за пожарот во Кочани, ДУИ ќе излезеле на улица и како што рече, „враќање нема, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со став дека ваквиот говор значи притисок врз судската власт.
До сега со истрагата се опфатени 59 осомничени лица, од нив 19 се во ефективен притвор, 13 во куќен, 12 со мерки на претпазливост и еден е на лекување.