15
На 21.05.2025 во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода О.Т.(39) од Пробиштип.
При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.