СДСM: Дали Договорот со Велика Британија остава простор во иднина да се разговара за сместување на мигранти?

од Nikola Popovski
53 прегледи

СДСМ соопшти дека во кратко интервју на премиерот Христијан Мицкоски за британската телевизија „Скај“, кое утрово го објавуваат дел од медиумите, а за кое Владата воопшто не информираше, премиерот избегнува да одговори дали со британскиот премиер Стармер ќе се разговара за примање на мигранти во Македонија како дел од договорот за стратешко партнерство.

Според партијата, ова сомнително однесување на премиерот веќе го поставиле како прашање уште пред неколку дена, но Владата упорно молчи. Со објавувањето на скриеното интервју на Мицкоски веќе сомнежот е преголем и, оттаму, СДСМ бара Владата веднаш да одговори:

„Дали кредитот од 6 милијарди евра се навистина само за инфраструктура, или се цена за нешто повеќе – за нешто што засега се крие од јавноста? Согласно информациите од британските медиуми, но и од изјавите на британските официјални претставници, договорот во делот на мигацијата подразбира „широка соработка“.

Информации во британските медиуми и од изјави на тамошни политичари се дека Обединетото Кралство планира во иднина и безбедносни аранжмани, вклучително и за мигрантски кампови на Балканот. Прашањето кое три дена нема одговор е конркетно и насочено до Владата:

Дали сте подготвени во иднина да прифатите Македонија да стане зона за сместување на мигранти? Дали договорот каков што е остава простор дека за ова може да се разговара во иднина? Дали можете експлицитно и јасно да потврдите дека ниту сега ниту во иднина Макеоднија нема да разговара за ваков политички ангажман“, бараат од партијата на Венко Филипче.

Пред неколку дена, амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон негира дека со овој договор се обрзуваме да прифатиме мигранти како што објавуваа дел од медиумите. Напротив вели, договорот е соработка во справувањето со организираниот криминал, трговијата со луѓе и криумчарењето на мигранти. Очекува зголемување на трговската размена, растот, а воедно и подобар животен стандард за граѓаните.