Полицијата информира дека млада скопјанка пријавила во полиција напад во козметички салон во скопската населба Ѓорче Петров.
На 21.05.2025 во 09.45 часот во СВР Скопје, С.Т. (19) од Скопје пријавила дека на 20.05.2025 околу 17.00 часот во козметички салон на подрачјето на Ѓорче Петров , по претходна расправија, била физички нападната од вработена во салонот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.