Во 24 анализа се дебатираше за договорот потпишан во Лондон, кој обезбедува шест милијарди евра преку кредити со гаранција од британската влада. Пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ објасни дека овие средства нема да влијаат негативно врз кредитниот рејтинг на Македонија, бидејќи гаранцијата е од Британија. Тој посочи дека не сите пари веднаш ќе бидат повлечени, што е важно зашто земјата учи од грешките на претходните влади, кои плаќале камати за неизвлечени кредити.
Поранешната пратеничка од СДСМ, Снежана Калевска, истакна дека иако поддржува стратешки договори, овој процес не е доволно транспарентен. Таа побара јасни информации за документите и условите на договорот, нагласувајќи дека секој договор носи обврски и права и дека е неопходно јавноста да биде информирана за основните детали.