Битиќи: Славески е доста конзервативен, не сум сигурен дека ќе гледаме нешто револуционерно во монетарната политика

од Nikola Popovski
83 прегледи

Пратеникот на СДСМ и екс-вицепремиер, Фатмир Битиќи вели дека го цени Трајко Славески како економски експерт со кого информира дека имале добри дебати. Битиќи истакнува дека секогаш не се согласувале.

-Сметам дека Народна банка не заслужуваше да добие теснополитички и партиски кадар. Сметам дека тој момент за улогата на Централната банка може да биде штетен затоа што мораш да внимаваш на монетарната политика. Знаејќи го професорот Славески знам дека е доста конзервативен и ќе продолжи со истата политика на Банката во последните 20 години, но не сум сигурен дека ќе гледаме нешто револуционерно во сегментот на монетарната политика додека професорот е таму. Сепак, ќе видиме, кажа Битиќи во емисијата „Само интервју“, додавајќи дека би било големо изненадување доколку СДСМ го гласа предлогот во Собранието.

Пратениците се очекува на трети јуни да се поизјаснат дали го поддржуваат предлогот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, Славески да биде идниот гувернер на Народната банка. Изборот бил тежок со оглед докажаниот квалитет на тројцата кандидати, рече претседателката. Клучни при носењето на одлуката биле стручноста, компетентноста, дигнитетот и интегритетот.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот на претседателката Давкова, потврди лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски. СДСМ и Левица соопштија дека нема да гласаат „За“ предлогот.

Слични содржини