Скопјанец натепан од поранешната сопруга

од Nikola Popovski
29 прегледи

Скопјанец пријавил во полиција дека бил нападнат од поранешната сопруга – стои во полицискиот билтен на МВР.

На 22.05.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, 56-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга Е.Ф.(51) од Скопје.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини