Венс: Америка ќе дејствува внимателно и решително под водство на Трамп, крај на бескрајните воени конфликти

од Марта Пешевска
25 прегледи

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, на церемонијата по повод дипломирањето во Поморската академија во Анаполис порача дека под водство на претседателот Доналд Трамп, Америка ќе биде внимателна кога и како ќе употреби воена сила, избегнувајќи бескрајни конфликти.

„Ерата на неоспорна американска доминација е завршена“, рече Венс, истакнувајќи дека САД мора да ја задржат технолошката предност соочувајќи се со заканите од Кина, Русија и други.

Тој ја пофали одлуката на Трамп за воена акција против бунтовниците Хути во Јемен, која, според него, довела до прекин на огнот. „Кога ќе одлучиме да дејствуваме, тоа мора да биде силно и решително“, додаде Венс.

Поранешниот сенатор од Охајо ги критикуваше претходните администрации за мешање во конфликти што не биле клучни за националната безбедност, индиректно aлудирајќи на Буш, Обама и Бајден, особено по хаотичното повлекување од Авганистан во 2021 година.

„Долго време учествувавме во политика што ги заменуваше одбраната и сојузите со обиди за градење на нации, без вистинска корист за нашите интереси. Крај на бескрајните конфликти“, порача Венс.

Неговите зборови ја одразуваат изолационистичката политика на Трамп, кој неодамна нареди изградба на скап систем за воздушна и вселенска одбрана, „Златната купола“, вреден 175 милијарди долари. Претседателот Трамп ќе се обрати и пред кадетите во Воената академија во Вест Поинт во сабота.

Слични содржини