АЕК ги обвини македонските власти за неодигрувањето на реванш-финалето со Алкалоид

од Nikola Popovski
625 прегледи

Челните луѓе на ракометниот клуб АЕК синоќа излегоа со официјално соопштение откако нивниот тим не излезе на теренот во салата „Борис Трајковски“ за да го одигра финалето од ЕХФ Европскиот куп против Алкалоид. Прстот го вперуваат во македонските власти за неодигрувањето.

-АЕК значи чест, гордост, почит, морални вредности. АЕК значи семејство и заедништво! Најголемата поддршка на АЕК низ времето се неговите навивачки бази. А непочитувањето на овој свет е исто така непочитување кон АЕК. Вечерва, раководството на АЕК, со еден глас, донесе тешка, но неопходна одлука.

Ниту една сила не може да му направи неправда на овој свет, како што се обидоа да направат локалните власти во Скопје, што кулминираше со тоа што не им дозволи на некои од нашите навивачи да ја преминат границата и да влезат во земјата, како што беше договорено на утринскиот безбедносен состанок. Сите сме тука, продолжуваме обединети, не преговараме за честа на АЕК, порачаа од атинскиот клуб.

Навивачката група на АЕК „ORIGINAL21“ преку социјалните мрежи коментираше дека вчера „беше голем момент во историјата на нашиот клуб“, бидејќи играчите „отфрлија нешто толку важно како што е европски трофеј за да ги поддржат навивачите на АЕК“.

-За нас вие веќе сте победници! Нашата одлука, или сите или никој, не е моментална одлука, тоа е животен став, соопштија од навивачката група.

Грчките ракометари одбија да излезат на теренот во арената „Борис Трајковски“ бидејќи нивните навивачи не биле во салата, а ова според македонските навивачи значи дисквалификација и автоматска победа за македонскиот ракометен клуб. Сепак, се очекува официјалната одлука од ЕХФ која треба да биде донесена утре 27-ми мај.

Од ЕХФ соопштија дека финалето е откажано поради безбедносни причини.

Слични содржини