19-годишник возел со 91 км на час во населено место каде што е дозволено 40

од Nikola Popovski
28 прегледи

На 25.05.2025 во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово.

При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал патничко моторно возило „бмв“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Слични содржини