Таравари се пофали дека активисти од други партии се приклучиле на неговото крило во Алијанса

од Nikola Popovski
28 прегледи

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари најави дека активностите во огранокот на неговата партија во Сарај продолжуваат со зголемен интензитет и со целосна посветеност на координација и проширување на организациските структури, во пресрет на локалните избори.

„Вечерва ни се придружија десетици активисти од други политички субјекти. Им посакуваме добредојде на новите членови. Новодојдените членови во AА се дополнителен аргумент дека сме на вистинскиот пат“, порачал Таравари.

Според едното крило на АА, овој развој на настаните е во рамките на напорите на AА за зајакнување на своето присуство на терен и создавање силна политичка алтернатива во служба на албанските граѓани во Македонија.

„Алијансата за Албанците високо ја цени поддршката од граѓаните и ќе продолжи да гради платформа заснована на транспарентност, меритократија и достоинствена застапеност“, велат од партијата.

Слични содржини