Аморим кон Гарначо: „Моли се некој да те купи!“

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Деновите на Алехандро Гарначо во Манчестер Јунајтед се чини дека се одбројани, според она што му го кажал Рубен Аморим.

Не е тајна дека талентираниот крилен напаѓач и менаџерот на „Црвените ѓаволи“ имаа несогласувања во минатото, но ситуацијата ескалираше дополнително по поразот од Тотенхем (0:1) во финалето на Лигата на Европа.

Поразот ја запечати историски најлошата сезона за тимот од „Олд Трафорд“, кој заврши на мизерното 15-то место во Премиер лигата. По натпреварот на „Сан Мамес“, Аргентинецот ја доведе во прашање одлуката на Португалецот да го внесе во игра само 20 минути до крајот.

„Кога не постигнуваш голови, секогаш ти треба повеќе. Играв во секое коло, сè до финалето, а сега имам само 20 минути. Не знам, ќе се обидам да уживам во летото и да видам што ќе се случи потоа“, рече тогаш, очигледно вжештениот производ на младинскиот систем на Јунајтед.

На поранешниот шеф на Спортинг Лисабон тоа не му се допаднало и му се нафрлил на 20-годишникот пред целиот тим.

„Подобро да се молиш да најдеш клуб кој сака да те купи“, згрмел експертот од Иберискиот Полуостров, со што недвосмислено му кажал на брзиот напаѓач дека нема да има место за него на „Театар на соништата“ следната сезона.

Гарначо е вклучен на турнејата во Малезија и Хонг Конг, но во клубот наводно има загриженост дека зборовите на Аморим го понижиле фудбалерот пред неговите соиграчи.