СДСН: Мицкоски ги напаѓа новинарите наместо да одговара за аферите и милионските тендери

од Марта Пешевска
23 прегледи

СДСМ остро го осуди однесувањето на премиерот Христијан Мицкоски кон новинарката Милка Смилевска од Ал Џезира на денешната прес-конференција во Владата. Наместо да одговори на легитимните прашања за сомнителен тендер вреден 4 милиони евра за набавка на полициски униформи, Мицкоски ја дискредитираше новинарката и ги нарече нејзините прашања „естрада“. Ова се гледа како обид да се замолчи критиката и притисок врз медиумите.

Тендерот предизвикува голема загриженост бидејќи го добија фирми со само двајца вработени или регистрирани само 20 дена пред објавата на тендерот. Ова не е првпат Мицкоски да напаѓа новинарка на јавен настан, што алармира за неговиот однос кон слободата на медиумите. СДСМ повикува медиумите и јавноста да не молчат пред ваквите напади и бара итно извинување од Мицкоски, како и темелна истрага за тендерот кој ја доведува во прашање довербата во институциите.