Николоски го поздрави договорот за партнерство со Обединетото Кралство

од Марта Пешевска
23 прегледи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја поздрави денешната ратификација на договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство, кој беше изгласан во Собранието.

Николоски го оцени договорот како историски важен за земјата и нејзиниот развој. Тој нагласи дека со овој договор, потпишан минатата недела во Лондон, се зацврстува партнерството помеѓу двете држави.

„Заедно ќе реализираме големи проекти и ќе ја направиме Македонија подобро место за живот“, порача Николоски на својот Фејсбук профил.