Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница на која беа предложени кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.
Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски објави дека сите предложени кандидати уживаат голема доверба кај граѓаните и според последните анкети убедливо водат со по четири до пет пати повеќе гласови од противниците.
Тој истакна дека кандидатите се проверени и имаат докажан капацитет, а најголем дел од нив се веќе градоначалници кои направиле значајни промени во своите општини. Сајкоски додаде дека партијата сака да избере најдобар кандидат и за Град Скопје, но засега не открива име.
Списокот на кандидати опфаќа 25 општини, меѓу кои и Аеродром, Бутел, Штип, Велес, Битола и Охрид.
Исто така, во тек се и внатрепартиски избори за советници.
Според партијата, овие кандидати се чесни, одговорни и способни да ја зголемат брзината на развојот и управувањето во општините, особено оние што досега биле под водство на СДСМ.
1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски