Коцевски со одговор дали ќе се води постапка против Панчо од „ДНК“ за трагедијата во Кочани

од Nikola Popovski
52 прегледи

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски најави дека е можно повлекување на обвинението за членот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо кој е осомничен за внесување на пиротехниката во дискотеката „Пулс“.

-Одредени лица се во тешка здравствена состојба и во консултации со медицинскиот персонал и лекарите, во моментов не се во состојба да се води постапка против нив ниту да дадат изјава, за жал, кажа Коцевски во емисијата „24 анализа“.

Запрашан дали меѓу нив е фронтменот на „ДНК“, обвинителот истакна дека „не може да споделува такви информации, но има и такви случаи“.

Коцевски засега не може да прецизира колкав ќе биде конечниот број обвинети, а најави можност за некои да биде прекината истрагата. Тврди дека ОЈО ГОКК продолжува со истрагата околу улогата на полицајците кои кобната ноќ беа во дискотеката „Пулс“ и не исклучува можност доколку се обезбедат докази, да станат осомничени. Коцевски вели, полицијата влегла во „Пулс“ 15 минути пред пожарот.

Пожарот во дискотеката на 16 март одзеде 63 животи, додека околу 200 лица беа повредени.

Слични содржини