Војчех Шчесни останува во Барселона уште една година. Полскиот голман ја исполни желбата на тренерот Ханси Флик, кој му рече „се гледаме на почетокот од подготовките“ по освојувањето на шампионската титула.
Иако Флик беше тој што го извади од пензиja откако одлучи да ја заврши кариерата, полскиот голман брзо влезе во вистинска форма и стана еден од столбовите на успехот и тројната круна на шпанска почва.
„Ќе потпишам договор на една година, а можеби и уште една како опција“, откри Полјакот за медиумите во неговата земја.
Шчесни ќе ја има улогата на втор голман следната сезона бидејќи Марк-Андре тер Штеген се опорави, но тоа нема да му биде тешко. Уште една година, а потоа – пензионирање.
Претпоставуваме дека нема да има некој друг што ќе го извади од пензија и ќе го врати на теренот.