Тудор сè поблиску до останување во Јувентус – Конте и Гасперини ја одбија „старата дама“

од Марта Пешевска
17 прегледи

Иако на крајот од сезоната се чинеше дека Игор Тудор ќе ја напушти тренерската позиција во Јувентус, се поверојатно е дека ќе остане. Првиот избор на торинскиот клуб, Антонио Конте, одлучи да остане на клупата на Наполи, а другиот кандидат ја одби понудата од Торино. Според италијанските медиуми, Јувентус го контактирал Џан Пјеро Гасперини, тренерот на Аталанта, но тој веќе постигнал договор со Рома во тој момент и решил да го одржи зборот и да го преземе римскиот клуб.

Во моментов, единствената сигурност е дека Тудор ќе го предводи Јувентус на Светското клупско првенство. На 23 март, девет кола пред крајот на Серија А, Тудор го презеде тимот од Тијаго Мота, потпишувајќи договор до крајот на сезоната. Договорот вклучува опција за продолжување за дополнителна година доколку обезбедат место во Лигата на шампионите, што и го направија. И покрај ова, Јувентус може да го отпушти со отпремнина од еден милион евра.

 

Слични содржини