Љупчо Николовски: ВМРО-ДПМНЕ ја запостави Крива Паланка и ја блокира Македонија

од Марта Пешевска
37 прегледи

Пратеникот Љупчо Николовски од Крива Паланка остро ја критикуваше владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ за тоа што, како што рече, ја закочи државата и ја маргинализираше неговата родна општина.
„Не постои ниту еден министер што ја посетил Крива Паланка, градот е избришан од сите капитални програми, а власта нема ни план, ни храброст да се соочи со народот“, порача Николовски.

Ова го истакна на почетокот од караванот „Мугри на слободата“ во Крива Паланка, каде што порача дека СДСМ ќе ја врати надежта и европската перспектива. Според него, актуелната власт ја замени визијата со националистичка хистерија и задолжување на идните генерации, наместо да го користи европското финансирање за развој.

„Од Крива Паланка ќе почне нова победа – со труд и правда, за иднината на сите граѓани“, заклучи Николовски.