Од страв го напаѓаат Таравари, се гледаме во октомври – велат од едното крило на Алијанса

од Nikola Popovski
41 прегледи

Едното крило на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, преку соопштение го критикуваше пристапот на некои политичари кон лидерот на АА и доскорешен министер за здравство и според нив, ваквите реакции се поради страв од октомвриските избори.

„Еден не може да спие — го напаѓа лидерот Арбен Таравари доцна навечер. Другиот го гледа во своите соништа — станува рано наутро и го напаѓа. Го разбираме гневот и притисокот од должностите што ги презедоа по цена на тоа да бидат на власт. Нивната задача е да го нападнат лидерот колку што е можно повеќе“, се вели во соопштението од партијата.

Од Алијанса на Таравари прашуваат колку општини ќе земат, како што ги нарекуваат, вазалите.

„Кажете ни колку општини ќе земете, вазали на вазалите?! Се гледаме во октомври, што е многу блиску!“, се вели во соопштението на едното крило на АА.

Слични содржини