Партијата чиј директор на ФЗОМ, Ден Дончев трупаше туциња пари во торба, во мизерен обид лаже и манипулира за работата на Фондот – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ за недостиг на средства во Буџетот на Фондот за здравство. Според најголемата владеачка партија, заврши времето кога екс-министерот, Венко Филипче, како што велат, договараше провизии од вакцини.
-Заврши времето на жути@јаху набавките. Заврши времето на обидите за приватизација на јавното здравство од Дубаи лекарот Филипче. За првпат по 8 години има инвестиции во здравството, заврши времето на матните тендери на СДС.
Ги разбираме СДСМ за нервозата зошто работата во здравството ја гледаат низ призма на пари, тие бројат колку тендери би поделиле, и жалат за времето кое помина. Тоа време никогаш нема да се врати, стои во партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ бара оставка од директорот на Фондот, Сашо Клековски бидејќи, според нив, за само 11 месеци го испразниле Фондот за здравство во бездна, болниците не функционираат, здравствениот систем е на колена. Според опозицијата, судејќи по последната изјаба на Клековски, се подготвува и зголемување на приддонесот за здравствено осигурување.
-Нов товар за секој работник, секое семејство, секој стопанственик. Прашањето е: каде се парите од придонесите досега? Кој профитира додека пациенти страдаат? Дали фалат пари само затоа што на две фирми им се даваа огромни буџети од Фондот?Зголемување на здравственото осигурување не е реформа. Тоа е обид за покривање на неспособноста. Кој профитира од страдањето на пациентите? Кој прави бизнис со здравјето на народот? Граѓаните не смеат да ја платат цената за неспособноста на оваа власт. Бараме оставка од Клековски, порачаа од СДСМ.