Гасперини постигна договор со Рома, промоција на „Олимпико“ во следдните денови

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Џан Пјеро Гасперини ќе пристигне во Рим до среда за да разговара за плановите за летните подготовки на неговиот нов тим Рома, пишува „Ла Република“.

Гасперини, кој ја водеше Аталанта девет сезони, постигна договор со раководството на Рома и се очекува официјално да биде назначен за главен тренер на „волците“ во наредните денови.

Еден од барањата на Гасперини е клубот да го задржи левиот бек Анхелињо, кој имаше многу силна сезона со 51 натпревар, 4 гола и 4 асистенции.

Една од главните трансфер цели на Рома во лето ќе биде привлекување на квалитетен играч од средниот ред, а Давиде Фратеси од Интер е приоритет.

Слични содржини