Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска преку писмо се обрати до премиерот Христијан Мицкоски. Таа порача дека како градска администрација ги спречуваат дивоградбите на градоначалникот Висар Ганиу повеќе од 3 години, враќаат документи и постапуваат, но, како што вели, никој институционално не реагира.
„Денес кога на седница на совет на Град Скопје ќе се дискутира за случајот за незаконските дивоградби од Чаир што е пријавен во обвинителство, од кој неминовно ќе се отворат и сите останати криминали јас јавно те прашувам:
1.Кој од криминалците на ДУИ ти ги расчисти и затвори во оваа цела година додека си апсолутна власт во Македонија? 2.На кој од криминалците на ДУИ ти им покрена постапка и ги уапси со докажан криминал за една година додека си премиер, а втора година имаш твој Министер за внатрешни работи? 3.Дали си свесен дека Ганиу, Меџити и Адеми се на власт како функционери на ДУИ повеќе од 20 години? 4.Тие 150 дивоградби во Чаир сме ги спречиле незаконски да се легализираат и сме известиле за истото 2023, 2024 и 2025 година, време кога Висар Ганиу прво беше ДУИ, а потоа стана ВЛЕН!!!
Ете ти криминалци од ДУИ постапи! Тоа што се измешале да се скријат во ВЛЕН меѓу Касами, Гаши и Таравари, не ги прави ништо освен политички побегуши на ДУИ што сакаат да си обезбедат нови функции“, порачува Арсовска во своето подолго писмо.
Градоначалничката го обвинува Мицкоски дека дозволил Ганиу и Ејуп Адеми да ја заплашуваат и закануваат, за, како што вели, да се повлечам од разоткривање на криминалот кој им го фативме во Скопје.
„Ти Мицкоски дозволи Ганиу да те седне во скут, да го браниш место да го апсиш. Излезе на телевизија нарекувајќи го “господинот” Ганиу, да го застапуваш и се обиде со девалвации, со лични навреди и квалификации дополнително да ги подгрееш нападите кон мене, наместо да ги спречиш. Овие што се обидуваат да се заканат и етнички дека ќе се дестабилизирала државата бидејќи им фатив криминал, уствари дестабилизирани се самите бидејќи сега треба парите за дивоградбите што им ги зимале на луѓето да им ги враќаат.
Ако не си вмешан во нивните криминали, не ги брани, биди премиер на сите граѓани и заштити не!!! Ако си вмешан и продолжиш да им бидеш адвокат, само ќе докажеш дека сте соучесници, А ЈАС НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМ И ПОКРАЈ ЗАКАНИТЕ БИДЕЈЌИ ЗА СЀ ИМАМЕ ДОКАЗИ!
Не политизирај, не филозофирај, постапувај и апси, почни од Ганиу, па макар и брат да ти е!!! Да го направеше тоа, од мене и покрај тоа што сме противници ќе имаше целосна поддршка, затоа што би требало да сакаш да живееш во Македонија во која криминалци нема да можат, затоа што не се постапува утре да се заканат на твојата сопруга, сестра, мајка.
Ако не превземеш чекор и покрај доказите за криминалот со дивоградбите тогаш си соучесник на фалсификатите и нема други оправдувања! А јас докази имам многу, НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ И НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМ“, порача скопската градоначалничка.