СВР Скопје го истражува случајот: Арсовска пријавила дека добивала закани од автомобил во движење

од Nikola Popovski
48 прегледи

МВР информира дека го истражува случајот со заканите кон скопската градоначалничка Данела Арсовска. Според полицијата, пред два дена, кај нив било пријавено дека од автомобил во движење биле упатени закани кон Арсовска.

-На 02.06.2025, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје. Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР преку официјално соопштение.

Арсовска веќе извесно време порачуваше во медиумите дека е мета на закани и навреди и бараше од надлежните органи да реагираат.

Основното јавно обвинителство веднаш да постапи по пријавите на градоначалничката на Скопје, а заканите по живот да ги пријави во МВР, изјави премиерот Христијан Мицкоски по последните случувања со Арсовска откако таа во живо се јави на социјалните мрежи каде открива дивоградби, главно во Општина Чаир.

Слични содржини