⚽Кој е фаворит за освојување на „Златната топка“?

од Vladimir Zorba
16 прегледи

На 22 септември ќе се одржи гала вечерта на „Франс фудбал“, каде што ќе биде доделена најпрестижната индивидуална награда во светскиот фудбал – „Златната топка“.

Иако официјалните кандидати за 69-то издание на наградата ќе бидат познати дури во август, обложувалниците веќе ги објавија своите проценки.

Апсолутен фаворит е Усман Дембеле, крилниот напаѓач на ПСЖ, на кого обложувалниците му даваат 70 проценти шанси за победа. Дембеле се истакна во незаборавна сезона – со 33 гола и 15 асистенции, тој беше клучен играч во походот на парижаните кон тројната круна. Дополнителен плус би можел да биде евентуалниот триумф на Франција во Лигата на нации во јуни.

Единствениот сериозен предизвикувач е Ламин Јамал, тинејџерската сензација на Барселона, кој постигна 18 гола и 25 асистенции оваа сезона, водејќи го каталонскиот клуб до двојната круна.

Другите кандидати се далеку зад нив – ниту еден од нив нема повеќе од седум проценти шанси да ја освои „Златната топка“ според обложувалниците.

Коефициенти за освојување на Златната топка:

Усман Дембеле 1,4
Ламин Јамал 3,75
Мохамед Салах 13
Рафиња 13
Квича Кварацхелија 15
Лаутаро Мартинез 26
Дезире Дуе 34.