🎥 Градскиот пазар во Битола под вода: Советници алармираат на ужасни услови и нечисти тоалети!

од Марта Пешевска
42 прегледи

Советниците од Општина Битола, Габриела Илиевска и Иван Чулакоски, објавија видео од влезот на новиот Градски пазар во Битола, каде што се гледа како просторот буквално е поплавен со вода. Тие објаснија дека по жалбите од граѓани, во вторникот, на ден за пазарење, го посетиле пазарот и констатирале сериозни проблеми.

Според нив, пазарот наликува на „скандинавско езеро“ и „тоне“, слично како што, според нив, тоне и градот Битола. Исто така, тие ја критикуваа и состојбата на тоалетите во пазарот, кои, како што велат, се нечисти и создаваат нездрави услови, што е неприфатливо во 21 век. Илиевска и Чулакоски ја користеа оваа ситуација како пример за лошата грижа за јавните простори во градот.

Слични содржини