На 03.06.2025 околу 21.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, со наредба на Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани.
Во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со муниција за пушката.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.