Кинески државјанин тешко повреден при работа на автопатот Кичево-Охрид

од Nikola Popovski
28 прегледи

Кинески државјанин е тешко повреден откако паднал од дрвена платформа, информираат од МВР.

Во полицискиот билтен стои дека вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.

Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, соопштија денеска од полицијата.

Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.