„Како да бираш меѓу татко и мајка“, легендата на Реал одбра кој е вистинскиот крал на фудбалот

од Марта Пешевска
30 прегледи

Поранешниот играч на Реал Мадрид и еден од најтехнички поткованите шпански фудбалери, Иско Аларкон, беше дел од интересен избор организиран од шпанскиот спортски весник „Марка“. Во натпреварот насловен „Крал на теренот: Виртуози и легенди“, неколку фудбалски великани беа ставени еден наспроти друг, а Иско имаше задача да избере кој од нив го смета за најголем виртуоз со топката. Меѓу имињата се најдоа на листата меѓу кои и Ривалдо, Иниеста, Роналдињо, Чави, Пирло, Озил, Фабрегас, па дури и самиот Иско.

Но најтешкиот избор за него бил кога требало да се одлучи меѓу две фудбалски легенди – Зинедин Зидан и Лука Модриќ. Со очигледна почит и кон двајцата, Иско призна дека му било многу тешко да избере, велејќи:

„Тоа е како да те прашаат кого повеќе сакаш – татко ти или мајка ти. Но сепак, ќе го изберам Зидан“.

Иско одигра девет сезони за Реал Мадрид и остави длабока трага во историјата на клубот, освојувајќи бројни титули и играјќи рамо до рамо со некои од најдобрите играчи на своето време. Неговата проценка на фудбалските таленти секогаш предизвикува внимание, особено кога станува збор за вакви легендарни имиња.