19
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека „дури и не размислува“ за милијардерот Илон Маск и дека нема да разговара со него во блиска иднина.
„Дури и не размислувам за Илон. Тој има проблем. Кутриот има проблем“, изјави Трамп за Си-Ен-Ен.
Тој додаде дека очекува да не разговара со сопственикот на Tesla некое време, но дека „му посакува се најдобро“.