Науседа: Русија нема да се ограничи само на Украина, ќе ги зголемиме трошоците за одбрана

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека Русија нема да се ограничи само на Украина, која, како што вели, претставува закана за сите, поради што неговата земја одлучи на почетокот на годината да издвои пет до шест проценти од својот бруто домашен производ за одбрана.

„Ни требаат овие пари за да можеме да изградиме и опремиме национална дивизија до 2030 година – со потребните резерви, инфраструктура за обука и домување. Не можеме да си го дозволиме луксузот на слаба одбранбена индустрија и слаби армии“, изјави тој за германскиот весник „Билд“.

Како што додаде, станува збор за колективна солидарност и сите земји мора да придонесат за заедничката сила на НАТО, без оглед на тоа дали се оддалечени 4.000 километри од Русија или само 30.