СДСМ утрово обвини дека срамната и скандалозна е прославата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Како што порачуваат од партијата, се одржа журка додека Македонија сè уште е во црно, додека 62 семејства жалат за загубените деца, а над 200 млади се борат со последиците од трагедијата во Кочани. СДСМ критикува дека биле и употребени и пиротехнички средства, кои не само што се законски забранети и опасни – токму се и причина за пожарот.
Партијата на Венко Филипче бара реакција од полицијата и МВР.
-Кој наредил и кој одобрил употребата на пиротехника на прославата на УМС? Кој ја набавил и ја дистриубуирал? Или за УМС на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите? Согласно новиот закон, членот 31 предвидува казни и одговорност за употреба на пиротехнички средства на овој начин, порачаа од „Бихаќка“.
ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили вчера ја одржаа 34-тата годишна Конференција на УМС под мотото „34 години постоиме за младите“. Конференцијата се одржа во Велес на платото под Костурница.