Мерко ослободен од обвинението за луксузното „ауди“ вредно 67 илјади евра

од Nikola Popovski
73 прегледи

Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник на оваа општина, Рамиз Мерко, кој се гонеше за луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67 илјади евра. Како што се наведува од судот, Мерко немал намера да стори кривично дело, додека во врска со јавната набавка на автомобили.

Според адвокатот на Мерко, Игор Петковски, судот не успеал да докаже дека градоначалникот прекршил каков било закон кога купил автомобили за потребите на општината во вредност од 114 илјади евра.

Обвиненијата против Мерко беа поднесени во март 2024 година. Претходно, со посебна проверка во обвинителството во Струга беше утврдено дека Мерко е осомничен за најмалку 30 кривични дела за злоупотреба на службената положба.

Случајот доби дополнително внимание откако Мерко беше ставен на црната листа на САД поради, како што беше наведено, сериозни индиции за корупција и мешање во правосудниот систем.