Роналдо до новинарите: Ве молам, оставете го Јамал на мира

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Кристијано РОналдо (40) ја предводеше Португалија до триумф во Лигата на нации. Ветеранот прво постигна победнички гол против домаќините на завршниот турнир од натпреварувањето, Германија, а потоа постигна гол во финалето против Шпанија за резултат од 2-2. Тоа беше 138-ми гол на Роналдо во 219 настапи за Португалија. Роналдо се повреди две минути пред крајот на регуларниот дел и ги гледаше своите соиграчи како ја освојуваат Лигата на нации на пенали.

Роналдо го прослави трофејот со емоции, додека ѕвездата од другата страна беше многу тажна и лута. Ламин Јамал беше разочаран од поразот во натпреварот за трофејот и од тоа што тренерот Луис де ла Фуенте го замени во продолжението.

„Ламин ќе освои многу тимски и индивидуални награди. Тој е феномен. Ќе има долга кариера и ќе освои многу Лиги на нации. Има само 17 години. Ве молам, оставете го на мира. Морам да го побарам ова од вас. Му треба мир.“, изјави Роналдо по мечот.

Јамал ќе стане полнолетен за еден месец, а веќе е клучен играч за Барселона и шпанската репрезентација. Во последната година ја освои европската титула со репрезентацијата и шпанската тројна круна со Барселона. Во сите овие успеси, тој беше еден од најзаслужните.