СДСМ наместо политика продава некрофилство, а наместо одговор на пораките од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се фати за бакљите. Иако и сама наведува дека според законот, членот 31 којшто сами го наведуваат, забраната за употреба се однесува за во затворени простории, а собирот беше на отворено, велат од најголемата владеачка партија по обвинувањата од СДСМ за запалената пиротехника на вчерашната конференција на УМС.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во шпекулациите се обидува да сокрие и дека бакљите спаѓаат во групата на пиротехнички средства од трета категорија коишто се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно Отсекот за оружје. Велат дека се продаваат на физички лица, коишто не треба да имаат посебен документ за ракување, а се продава со упатство за употреба, односно напомена дека не смее да се користи во затворени простории.
-СДС намерно го изоставува фактот дека притоа ВМРО-ДПМНЕ ги испочитува сите параметри и предвидени законски норми за одржување на собири. Пред одржувањето на настанот, беа известени МВР, противпожарната бригада и Итната медицинска помош, коишто беа присутни за време на одржувањето на настанот.
СДС нема дно на бесчуствителноста коешто не може да го пробие во борба за личен опстанок. Затоа и не им пречеше користењето на пиротехника на прославата на навивачките групи кои победите на своите тимови оваа недела ги прослави на ист начин, со пиротехника од трета категорија, стои во партиското соопштение.
Претходно од СДСМ порачаа дека биле и употребени и пиротехнички средства, кои не само што се законски забранети и опасни – токму се и причина за пожарот. Партијата на Венко Филипче бара реакција од полицијата и МВР.
-Кој наредил и кој одобрил употребата на пиротехника на прославата на УМС? Кој ја набавил и ја дистриубуирал? Или за УМС на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите? Согласно новиот закон, членот 31 предвидува казни и одговорност за употреба на пиротехнички средства на овој начин, порачаа од „Бихаќка“.