Софија Вергара (52) објави заводлива топлес фотографија на својот Инстаграм профил додека се сонча покрај базенот. „Llego el verano!“, напиша таа во описот на објавата, што во превод значи: „Летото е тука“.
Нејзината објава привлече илјадници обожаватели кои лајкнаа и коментираа, вклучувајќи ја и нејзината колешка, судијка на „America’s Got Talent“, моделот Хајди Клум. „Дојди… и јас го правам истото. Се сончам“, коментираше Клум, на задоволство на многу обожаватели.
Софија неодамна се најде во центарот на вниманието поради нејзината наводна врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон. Иако беа видени заедно неколку пати, нивната романса, според странските медиуми, не траела долго.
Се вели дека Луис го изгубил интересот, а актерката наводно се чувствувала „напуштено“ после тоа.